Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија сака да го урамнотежи буџетот и да го намали задолжувањето

Германија сака да го урамнотежи буџетот и да го намали задолжувањето
Германското министерство за финансии предвидува долгорочен буџетски план за намалување на јавниот долг на земјата од актуелните 80,5 отсто од БДП на 69 отсто од БДП до 2017 година. Значителното намалување на јавниот долг ќе биде можно кога земјата ќе го урамнотежи својот буџет и ќе го намали нивото на задолжување, наведено е во соопштението на министерството. Се очекува дека буџетскиот дефицит на Германија оваа година ќе биде околу 0,5 отсто од БДП, што е значително под границата на ЕУ од 3 отсто.
Слично

Поврзани вести