ГЕРМАНИЈА: Пукале во воз во кој имало 400 патници
Непознати лица пукале во воз кој сообраќал на релација Минхен - Есен, во кој имало 400 патници.
Инцидентот се случил во 15.30 часот, при што неколку прозорци се оштетени, но не се пробиени, објавија германските медиуми.
Повредени нема, а сторителите за кои се претпоставува дека се троица не се идентификувани.
Патниците го напуштиле возот, а полицијата води истрага за случајот.
Слично
