Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ ТУРЦИЈА: Го задржуваме правото да забраниме влез на турски политичари

ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ ТУРЦИЈА: Го задржуваме правото да забраниме влез на турски политичари

Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, Петер Алтмајер изјави денеска дека забраната за турските политичари да влезат во Германија  за да водат кампања за референдумот е последно средство, но тоа е мерка за која владата го задржува правото да ја примени. 

Тој вели дека Германија не дава слободен премин за во иднина. 

„Внимателно ќе следиме што е оправдано, а што не“ - рече Алтмајер. 

Минатата недела властите откажаа три собири во неколку германски градови, на што Анкара остро реагираше. 

Слично

Поврзани вести