Германија: Мешале свежо месо со расипано
Германските обвинители покренаа истрага за нов можен скандал во северна Германија, по извештаите на медиумите дека во една фабрика за преработка на месо се употребува расипано месо.
- Обвинителите во покраината Долна Саксонија покренаа истрага во фабриката за преработка на месо, во која властите во јуни извршија тестирање, изјави портпаролот на Министерството за заштита на потрошувачите.
Фабриката е осомничена за мешање на расипано месо со здраво, за ставање на лажни етикети и лажирање на декларациите за потеклото на месото, но властите се уште немаат докази дека тоа месо било пуштено во продажба.
Претходно оваа година во Европа изби скандал откако беше утврдено присуство на коњско месо во производите, кои биле етикетирани како говедски.
