Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големата европска сила пресече: Нема шанси за нов договор за Брегзит

Големата европска сила пресече: Нема шанси за нов договор за Брегзит

Германија нема да прифати никакви британски обиди за промена на условите за излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Ова го најави германскиот министер за европски прашања Мајкл Рот, пренесуваат медиумите од регионот.

„Не гледам никакви шанси за повторни преговори на пакетот, договорот за излез е договор за излез, јас не гледам никаква желба за започнување на нови преговири во рамките на Европската унија“, коментира Рот.

Во обид да ја спроведе одлуката на британските избирачи од референдумот во 2016 година, Тереза ​​Меј склучи договор за излез со ЕУ во ноември 2018 година, по две години на тешки преговори. Но британските пратеници го отфрлија со три гласови.

Безбедносниот механизам предвидува дека ако Велика Британија излезе од ЕУ без сеопфатен договор, таа останува во рамките на привремена единствена царинска територија со Заедницата, додека Северна Ирска се придржува кон одредени правила на единствениот пазар на ЕУ.

Слично

Поврзани вести