Германија предупредува: Напуштете го Ирак!
Германија ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат деловите на Ирак во кои ситуацијата е нестабилна, вклучувајќи го и главниот град Багдад кон кого во офанзива тргнуваат исламистите.
Германските државјани се советуваат пред се да ги напуштат ирачките провинции Анбар, Ниневах и Салах ал-Дин, а загриженост се изразува и за ситуацијата во провинциите Дијала и Киркук, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Министерот Франк Валтер Штајнмаер оцени дека случувањата во Ирак претставуваат драматично влошување на ситуацијата.
„Ситуацијата е алармантна, бидејќи борбите се закануваат да го втурнат не само Ирак, туку и целиот регион исфрлен од рамнотежа заради случувањата во Сирија, во понатамошен хаос и насилство“, рече тој.
Германското министерство проценува дека во моментот во Ирак има неколку илјади Германци и дека многу постојано живеат во северните делови на земјата, кои се под контрола на Курдите.
Слично
