Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија предлага земјите од ЕУ да плаќаат данок за „бегалците“

Германија предлага земјите од ЕУ да плаќаат данок за „бегалците“

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја изјави потребата од нови даноци за прибирање на средства за борба со бегалската криза, пишува Deutsche Welle.

Тој предлага да се воведе паневропски дополнителен данок на бензинот, истакнувајќи дека одлуката не треба да биде загрозена поради недостаток на средства.

"Ние треба да ја вратиме контролата на надворешните граници на Европската унија. Треба да преговараме на европско ниво, бидејќи се наметнува проблемот да биде решен во краток рок" - рече Шојбле во интервју за Suddeutsche Zeitung.

Тој изрази подготвеност да се воведе таков данок, дури и ако не биде поддржан од сите земји во ЕУ. Според шефот на Министерството за финансии, ако земјите во Европа се подготвени да ја воведат оваа мерка, можат и да се обединат во коалиција.

Во прилог, Шојбле повика за создавање на правна рамка за употребата на армијата во вонредни ситуации, истакнувајќи дека оваа можност ја имаат повеќето европски земји, а германските органи со закон може да се потпрат само на силата на полицијата, која не може да се покаже како недоволна.

Фактот дека Европа се покажа неподготвена за приливот на бегалци, коментира неодамна и германскиот канцелар Ангела Меркел. Сепак, таа се противи на мерките за затворање на границите до кои веќе прибегнаа некои европски држави. Според зборовите на Меркел, слободата на движење до одреден степен ја одредува судбината на еврозоната.

Слично

Поврзани вести