ВИДЕО: Германија праќа „торнадо бомбардери“ – Будестагот одобри учество во воената операција против ИСИС
Долниот дом на германскиот парламент го одобри владиниот план за пристапување на Германија кон воената операција против групата „Исламска држава“ во Сирија, соопштија светските агенции.
Од 598 пратеници кои учествувале на гласањето, 445 го поддржале предлогот, 146 биле против, а седуммина биле воздржани.
Планот предвидува Германија да помогне во борбата против „Исламска држава“, откако испрати шест разузнавачки авиони „Торнадо“, фрегата (Мал воен брод на платна), авион за полнење и до 1200 војници, но без активно да учествува во борбени дејствија. Мисијата не вклучува нанесување на воздушни напади.
Се очекува два од авионите и авионот за надополнување да бидат испратени следната недела во воздухопловната база „Инджирлик“ во Турција. Тие, меѓутоа, нема целосно да се вклучат во акцијата до следниот месец. Фрегатата која треба да им помага за заштита на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ во источниот Медитеран, исто така ќе биде испратена во брзо време.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wZaxs6MCZDM[/embed]