Германија полна со екстремисти – ги има над 500
Повеќе од 500 терористи има во Германија, покажуваат официјалните податоци.
Министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер денеска предупреди дека во Германија се наоѓаат над 500 исламистички екстермисти кои би можеле да извршат напади.
„Моментално во Германија се наоѓаат најмалку 520 потенцијални напаѓачи“ - изјави Мезиер во интервју за „Билд“, предупредувајќи дека тој број е поголем од кога било.
Тие се потенцијална опасност и како поединици и како членови на некои групи.
Де Мезиер додаде дека уште 360 релевантни лица се познати на полицијата поради непосредна близина со потенцијални напаѓачи. Тоа се луѓе кои поддржуваат злосторства.
Опасноста од терористички напади доаѓа како од групи зад граница, така и од радикализација на одделни граѓани, кои можат да навлезат во Европа или дури и живеат на германска територија. Радикализацијата им се врши преку интернет или преку комуникација со исламистички проповедници.
Групите можат да се „протнат“ на континентот и да ги подготват операциите без да бидат забележани. Уште потешко е откривањето на напаѓачите, кои дејствуваат сами.
„За жал, во овој момент постои реална опасност и од двата типа закани“ - истакна де Мезиер.
Овие податоци ги соопшти во пресрет на 15-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година.
