Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија полека го губи тронот најголема европска економија

Германија полека го губи тронот најголема европска економија
Проценките на Центарот за економски и деловни истражувања, ЦЕБР, говорат дека во наредните години Германија полека ќе ја губи својата позиција како најголема економија во европа, а на нејзино место на тронот до 2030 година ќе се искачи Британија. Во извештајот во кој направена е анализа на движењата на економиите на 30 те економски најразвиени земји во светот, ЦЕБР проценува дека падот на популацијата, и најверојатно слабеењето на еврото неповолно ќе влијаат на економските прилики во Германија. Растот на популацијата во Велика Британија пак, според ЦЕБР значајно ќе придонесе за економско забрзување на оваа земја чијашто економија следната година ќе ги надмине максималните резултати кои ги остваруваше пред рецесијата.    
Слично

Поврзани вести