Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА: Пола милион луѓе може да останат без работа!

ГЕРМАНИЈА: Пола милион луѓе може да останат без работа!

Истражувањето на Иницијативата за нова социјална пазарна економија покажало дека поради новиот Закон за работа во Германија, со кој се воведува минимална цена на трудот од 8,5 евра по час, без работа ќе останат помеѓу 250 и 570 илјади лица.

Истражувањето е финасирано од страна на германски работадавачи во металната индустрија и елекроекономија, кои сметаат дека воведувањето на минимална цена на трудот негативно ќе влијае на растото на економијата и вработувањето.

Тие додале дека „олеснувачките мерки“ во рамки на воведувањето на минималната цена на трудот, како оние дека таа не мора да се исплаќа на работници помлади од 18 години кои не се квалификувани, како и оние кои се без работа повеќе од година дена (на рок од шест месеци) нема да им помогне да ги избегнат мерките на штедење.

Во една неодамна објавена анкета речиси 60 одсто од 6.300 компании одговориле дека планира мерки за намалување на трошоците поради минималната цена на трудот. Таа мерка најмногу ќе ја погоди услужната дејност, поточно рестораните и хотелите кои имаат најголем број вработени кои заработуваат помалку од 8,5 евра на час.

Слично

Поврзани вести