Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВУВА СТРОГ ЗАКОН ЗА СТРАНЦИ: Нема веќе лесно до социјална помош!

ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВУВА СТРОГ ЗАКОН ЗА СТРАНЦИ: Нема веќе лесно до социјална помош!

Берлинската политичка кујна подготвува нешто што реката луѓе од државите вон Европската унија, која по парче леб оди кон Германија, тешко ќе го „свари“. Во иднина дојденците ќе мора пет цели години да чекаат на социјална помош.

Додека противниците тврдат дека новиот закон е спротивен на Уставот, пристигнатите од источна и јужна Европа се фаќаат за глава. Властите во Берлин одлучиле да стават точка на како штп велат, „социјален туризам“. Се побројни се, имено, оние кои во Германија доаѓаат на повик на роднини и пријатели, поминат кај нив шест месеци и - иако ни ден стаж немаат во оваа земја - со полно (законско право) поднесат барање за социјална помош и без проблем ја добиваат.

Кабинетот на канцеларката Меркел вчера праграфирал и во Будестагот испратил предлог закон кој драстично ги намалува правата на социјални бенефиции на имигранти од земјите вон ЕУ. Од ова ќе бидат исклучени државајните на земјите членки на Унијата, но и нивните права се кршат, појаснила министерката за труд Андреа Налс.

„Странците кои доаѓаат од земјите на ЕУ во потрага за работа и егзистенција, ќе имаат право на едномесечна парична помош, а потоа ќе им бидат исплатени пари за враќање во земјата од која дошле“; вели Налс.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер го пишува новиот закон со кој сака да ја забрза депортацијата на странци кои се осудувани и претставуваат закана за безбедноста. Де Мезиер во овој момент смета дека најмалку 100 000 луше би можеле да бидат вратени во своите домови.

Слично

Поврзани вести