Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија подготвува „историски” закон за интеграција на бегалците

Германија подготвува „историски” закон за интеграција на бегалците

Законот ќе ги регулира правата и обврските на мигрантите во земјата.

Германската владина коалиција одобри пакет мерки кои ќе влијаат на интеграцијата на бегалците, правата и обврските.

„Ова се случува за прв пат во историјата на Сојузна Република Германија"- рече канцеларката Ангела Меркел на заедничка прес-конференција со голем број истакнати личности од коалицијата меѓу конзервативците и социјалдемократите.

Предвидено е властите да одредат место за престој на барателите на азил со признат статус, за да бидат тие рамномерно распоредени низ територијата на државата и да се избегне формирање на гета.

„Можно е непочитувањето на наведената обврска да носи последици за соодветните лица"- се вели во документот.

Околу 100 000 работни места ќе бидат понудени на кандидати за азил, но не и на мигранти кои доаѓаат од земји кои се сметаат за сигурни, на пример од балканските држави. Во четвртокот германските пратеници почнаа гласање со цел да се прошири листата на оние сигурни земји, да се вклучат земји како  Алжир, Мароко и Тунис.

Слично

Поврзани вести