Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија парализирана од 4-дневен штрајк на железницата

Германија парализирана од 4-дневен штрајк на железницата
Вработените во германската железница Дојче Бан започнаа 98-часовен штрајк, најдолг во историјата. Работниците во товарната железница штрајкуваат уште од вчера, а денеска им се приклучуваат колегите и од патничкиот сообраќај. На работа ќе се вратат дури в понеделник. Работниците бараат поголеми плати, а штрајкот го започнаа откако со управата не успеаја да пронајдат компромис. Но, прекинот на нивната работа претставува сериозен удар врз германската економија, во која железничкиот сообраќај е еден од основните и најкористените видови на транспорт. Ова предизвика хаос и во автобускиот сообраќај, каде сите карти веќе се распродадени со денови однапред, а компаниите ги удвоија цените за претстојниот викенд. Управата на Дојче Бан се обидува преку судот да издејствува штрајкот да биде прогласен за незаконски, но шансите за тоа засега се мали. „Нашето искуство со судовите кои решаваат спорови од трудово право е дека тие не се решаваат лесно да донесат таква одлука во случај кога треба да ја оценат пропорционалноста на штрајкот“, вели Улрих Вебер, директор за човечки ресурси во железницата. Загрижена е и германската канцеларка Ангела Меркел, која повика на итен дијалог за да се изнајде компромис. „Штрајкови се секогаш можни кога има преговори за плата, но тие треба да бидат пропорционални и со чувство на одговорност од сите страни“, рече Меркел, која побара да се најде решение кое ќе предизвика најмала можна штета на земјата.  
Слично

Поврзани вести