Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија отвора 6.000 работни места поради бегалскиот бран

Германија отвора 6.000 работни места поради бегалскиот бран

Германија планира создавање на најмалку шест илјади нови работни места идната година, за да се справи со бранот бегалци, кој ја зафатија во последниве две години. Ќе бидат назначувани полицајци, наставници и чиновници во службите за имигранти.

Германија е изнемоштена од огромниот бран на бегалци, кој тече кон Европа.

Илјадници и илјадници имигранти од Блискиот Исток, Африка и Балканот пристигнуваат секојдневно во германските градови и треба да бидат сместени некаде, а нивните случаи да бидат брзо разгледани. Поради оваа причина општините и провинциите се свртија кон Берлин со барање за помош.

Потребни се итни дополнителни средства за назначувањето на луѓе кои би служеле во службите за странци, наставници, кои ќе треба да ги учат децата на бегалците, и средства за изградба на дополнителни шатори и кампови и социјални домови. За отворањето на нови работни места Берлин ќе се дадат 2,5 милијарди евра.

Северна Рајна-Вестфалија ќе инсистира за итна финансиска помош и за создавање на шатори кампови и изградба на нови социјални домови во сите провинции, бидејќи илјадници бегалци се загрозени да останат без покрив над главата во текот на зимата. Се размислува и за ослободување на касарната, за да бидат сместени странците привремено во неа. Според премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Јегер секоја провинција треба да добие најмалку 2 милијарди евра повеќе годишно за справување со проблемот.

Помош побара и германскиот Сојуз на земјопоседници. Тој предупредил дека земјата не располага со доволно социјални станови и настанала конкуренција за станови по ниски цени меѓу имигрантите и Германците со ниски приходи. „Тоа не смее да се дозволи“, изјавил претседателот на Унијата, Себастијан Зибенкнотен. Имигрантите ги конкурираат сериозно и цените на пазарот на трудот, ако се согласуваат да работат во сите услови на секаква цена. Тоа е причина и за бранот од омраза кон странците во последните месеци и рекордниот број напади врз бегалски домови.

Слично

Поврзани вести