Германија оствари профит од кризата околу 40 милијарди евра
На основа на плаќање на намалени камати Германија оствари профит од кризата околу 40 милијарди евра. Германија сочувала милијарди евра во камати на својот државен долг. Податоците на германското Министерство за финансии покажуваат дека на овој начин државата успеала да заштеди точно 40,9 милијарди евра од 2010 година наваму, пишува германскиот весник „Шпигел“.
Просечната каматна стапка на сите државни обврзници во овој период опаднале за речиси еден процентен поен, иако финансиските инвеститори ја сметаат Германија како посебно безбедна, поради нејзините солидни финансии. Во исто време, ваквото движење на каматните стапки, заедно со неочекувано високите даноци генерираат силна национална економија, која успешно ја издржи кризата.
Помеѓу 2010 и 2012 година Владата на Германија остварила 73 милијарди евра помал долг од очекуваниот. Сега Министерството за финансии сака максимално да ја искористи оваа ситуација и да издаде долгорочни обврзници со поволни каматани стапки.
