Германија опоменува дека Албанија не исполнила ниту еден критериум за да почне преговори
Стигна порака од Германија дека Албанија не исполни ни еден услов за да почне преговори со ЕУ.
Заменикот претседател на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Давид Вадефул денес изјави дека Албанија не исполнила ниту еден услов поставен за неа уште на 26 јуни лани.
Во официјално соопштение по препораката на Европската комисија Албанија да почне преговори за членство, ЦДУ/ЦСУ реагираше жестоко за ситуацијата во земјата, истакнувајќи дека ниту една судска процедра не е поведена против политичар или криминалец кои учествувале во купување гласови.
Се наведува дека нема функционален судски систем.„Нема Уставен суд, ниту, пак, Врховен суд. Не е формиранм ниту СПАК ниту Национално биро за разузнавање. Има мал или слаб напредок во борбата со корупцијата. Има многу малку случаи на казнети високи политичари за корупција“, се вели во соопштението.
Се бара дијалог меѓу власта и опозицијата.
