Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ОКОВАНА ВО МРАЗ, ДУРИ 30 САНТИМЕТРИ ЗАМРЗНАТА ПРЕКРИВКА: Еве кој град остана парализиран од невремето

ГЕРМАНИЈА ОКОВАНА ВО МРАЗ, ДУРИ 30 САНТИМЕТРИ ЗАМРЗНАТА ПРЕКРИВКА: Еве кој град остана парализиран од невремето

Грутки мраз со пречник од околу 1,8 сантиметри се насобрале во центарот на градот благодарение на град кој за кратко време нападнал околу 30 сантиметри, пишува Шпигел.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.

Според портпаролот на Ројтлинген, град и силен дожд го погодиле германскиот град околу 16:15 часот. Градот ги блокираше одводните цевки и канализациските шахти, а водата се излеа во подземните гаражи, подруми и станбени згради.

Според властите, нема повредени. Имало дури 290 повици до итните служби, а противпожарните единици излегле на терен 120 пати.

- Луѓето беа заклучени во своите автомобили бидејќи повеќе не можеа да возат од градот или вратите не можеа повеќе да се отвораат - изјави портпаролот на контролниот центар. Противпожарната бригада ги ослободувала луѓето. Градот за среќа не предизвика штети на возила и објекти.



Слично

Поврзани вести