Германија одобри воено учество во Сирија
Германскиот кабинет го одобри учеството на вооружени сили на земјата во борбени дејства против „Исламска држава“ во Сирија.
Максималниот број на војници, кои можат да се вклучат во мисиите во Сирија и Ирак, е 1.200 лица.
Мисијата е ограничена во рок од една година, но може да биде продолжена, соопштија агенциите.
Според информации на „АФП“, Германија ќе учествува и со разузнавачки авиони и поморска фрегата во одговор на барањето на Франција по терористичките напади во Париз минатиот месец.
Бундестагот денеска дискутира за вклучувањето на Германија кон меѓународните напори за справување со терористите. Опозицијата во парламентот се изјасни против учеството на Берлин, бидејќи според нив со тоа ќе се подигне терористичката закана на територијата на Германија.
