Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ: Азилантите ќе живеат таму каде што ќе им се наложи

ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ: Азилантите ќе живеат таму каде што ќе им се наложи

Германија oдлучи лицата кои добиле азил да бидат обврзани во првите три години од својот престој во Германија, да живеат на места кои ќе им ги одредат властите. Ова беше соопштено денеска, a пренесе порталот „Индекс.хр“.

„Одредувањето на местото на живеење ги ослободува големите градски центри и правилно го распределува населението во помалку населените делови на земјата“, изјави Аксел Гедашко, претседател на Здружението за домување.

Парламентарната Партија на зелените ја критикуваше ваквата одлуката на Демохристијанско-социјалдемократската влада, тврдејќи дека станува збор за мерка која стигматизира.

Владата порача дека оваа мерка е насочена и против сегрегацијата на бегалците кои честопати припаѓаат на иста култура и етничка заедница.

Слично

Поврзани вести