Германија очекува половина милион роднини на прифатени бегалци
Германските власти очекуваат во земјата да пристигнат уште околу 500 илјади бегалци - роднини на веќе прифатените бегалци од федералните служби.
Секој од сириските бегалци, кој добил право на азил во СРГ, има право да доведе еден член на семејството од Сирија или од бегалски камп во соседна Сириска држава.
Во рамки на федералната канцеларија за миграција во Германија се очекуваат речиси половина милион жени, деца и родители кои имаат блиски во Германија.
Во ноември претседателот на Здружението на баварски општини Уве Брендон предвиде дека до 2020 година во СРГ како бегалци или членови на нивните семејства ќе пристигнат уште 15 милиони луѓе, со кои бројот на муслиманите во Германија ќе достигне 20 милиони или околу една четвртина од населението.
Слично
