Германија очекува напади - кои локации се мета?
Германија е под закана од терористички напади, а мета може да бидат авионскиот и железничкиот сообраќај, фреквентни локации како панаѓури, пазари и фестивали.
Овие информации се доставени до германската Влада во јуни, затоа што постои реална опасност.
Според пишувањата на весникот „Билд“, постои зголемен ризик дека симпатизери на терористички организации, кои немаат директна врска со нив можат да спроведат независни напади. Се смета дека постои речиси сигурна закана и долгорочна закана од џихадисти-повратници од Сирија и Ирак.
Извештајот бил подготвен еден месец пред нападите во Германија што се случија на средината на јули, кога 17-годишен Авганистанец со секира нападна патници во воз, а Иранец уби девет лица во Минхен.
Подоцна во Германија се случи експлозија на бомба поставена од Сириец пред музички фестивал во Баварија, а друг терорист од Сирија со мачета уби една жена близу Штудгарт.
Во меѓувреме, германското Министерство за надворешни работи го потврди затворањето на амбасадата во Анкара и сите други конзуларни канцеларии во Турција, вклучувајќи ги двата најголеми конзулати во Истанбул.Билд пишува дека причина за оваа мерка се информациите за можни напади за време на верскиот празник Курбан бајрам. Гневот на турската јавност го предизвика негативниот приказ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во германскиот неделник Шпигл.
