Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија очекува буџетски дефицит поради бегалската криза

Германија очекува буџетски дефицит поради бегалската криза

Кризата со рекорден број бегалци ќе ја доведе Германија до буџетски дефицит во 2016 година, прогнозираат од Министерството за финансии на оваа земја.

За споредба претходната прогноза беше буџетски суфицит.

"Во 2015 година Владата очекува мал вишок во државниот буџет", изјави германскиот заменик-министер за финансии Томас Щефен, цитиран од Wall Street Journal.

"Сепак, сегашните проекции за следната година, покажуваат речиси избалансиран буџет во врска со зголемувањето на трошоците најмногу поради сместувањето на бегалците ", додаде тој.

Државниот буџет на Германија ги вклучува буџетите на федерално ниво, на ниво на поединечни провинции и локалните власти, како и трошоците за системот за социјално осигурување.

Претходно во октомври беше одлучено сојузниот буџет да ги удвои трошоците за поддршка на регионите во врска со бегалците.

Оваа година во Германија се очекува да пристигнат до 800 000 луѓе, што е четири пати повеќе во однос на претходната година.

Се очекува дека во Германија нема се зголеми обемот на државниот долг во тековната година, што се должи на повисоки од очекуваните даночни приходи како резултат на економскиот раст и најниска невработеност.

Слично

Поврзани вести