Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија нуди заштита за загрозените руски граѓани

Германија нуди заштита за загрозените руски граѓани

Германија ќе овозможи заштита за загрозените руски граѓани. 

Владата вчера постигна договор за нови поедноставени регулативи за обезбедување азил на руските граѓани прогонети во нивната земја.

„Сè побруталната агресија на Русија против Украина е придружена со сè побрутална внатрешна репресија, која е особено насочена против претставниците на медиумите, опозицијата и групите за човекови права“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Затоа таа посочи дека Германија мора да им пружи помош на руските граѓани.

„Пред се ќе им дадеме можност на новинарите слободно и независно да известуваат од Германија“, рече Фезер.

Таа најави „забрзано и небирократско“ решавање на дозволите за престој на загрозените. Сепак, безбедносните служби ќе мора да ги проверат. 

Досега се издадени 16 визи за новинари и нивните семејства. Оваа постапка се објаснува со хуманитарни причини и „зачувување на политичките интереси на Сојузна Република Германија“.

Слично

Поврзани вести