Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија: Нема шенген за Бугарија и Романија

Германија: Нема шенген за Бугарија и Романија
Германија ќе го спречи влезот на Бугарија и Романија во режимот на шенгенската зона кога на седми и осми март ќе се сретнат европските министри за внатрешни работи и правда да расправаат за тоа прашање, изјавил германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих. -Доколку Романија и Бугарија инсистираат на гласање, обидот ќе пропадне поради германското вето“, рекол Фридрих. Според зборовите на германскиот министер, дури ниту идејата за делумна согласност, на пример влез по воздушен или морски пат, не подлежи на разговори. Фридирх рекол дека Бугарија и Романија, кои се придружиле на Европската унија во 2007 година, би требало да се занимаваат многу поодлучно со корупцијата и дека германските граѓани ќе го прифатат ширењето на “зоната без граници“ доколку бидат исполнети суштинските барања, што според него, во овој момент не е случај.
Слично

Поврзани вести