Германија не го постигна планираниот праг на вакцинација
Германија не успеа да вакцинира 80 отсто од населението.
Властите планираа 80 отсто од населението да прими барем една доза од вакцината против коронавирусот до крајот на јануари. Но, официјалните податоци објавени денеска покажуваат дека 75,8 отсто од 83 милиони луѓе примиле најмалку една вакцина, а 74 проценти биле целосно вакцинирани, додека 52,8 отсто добиле засилувачка доза.
Во декември имунизацијата била на завидно ниво, но темпото забавило во текот на Божик. Минатата недела во просек се вакцинирани 351.000 луѓе.Канцеларот Олаф Шолц и 16 германски гувернери пред една недела одлучија да ги задржат рестриктивните мерки. Поради омирон и во Европа има висока бројка на заразени. Во Германија над 118.000 луѓе починаа од коронавирусот.
foto EPA
Слично
