ГЕРМАНИЈА НАБАВУВА 1 МИЛИОН ПАКЕТИ ОД ЛЕКОТ НА ФАЈЗЕР: „Паксловид“, таблетата против ковид треба да стигне во јануари
Германија нарача
еден милион пакети од новиот лек за Ковид, „паксловид“, кој компанијата Фајзер го произведе да спречи
тешки болести и хоспитализација, објави министерот за здравство Карл Лаутербах.
Тоа е првиот лек против Ковид кој може да се земе во форма на таблети и дава заштита од тешки форми на Ковид.
„Лекот е исклучително ветувачки бидејќи може значително да спречи тешка клиничка слика на вирусот кога се зема во рана фаза на болеста, изјави Лаутербах за ДПА, додавајќи дека очекува дека со него ќе можат да се спречат брројни тешки случаи во одделенијата за интензивна нега.
Управата за храна и лекови на Соединетите држави (ФДА) издаде итно одобрување за новиот лек непосредно пред Божиќ, давајќи им на лекарите дополнителна опција за третман во борбата против тешкиот Ковид.
Лаутербах рече дека Германија ќе го следи примерот со слично итно одобрение, така што лекот може да се користи веднаш штом ќе биде испорачан во јануари.
„Полека, преку комбинација на сè поефикасни вакцини и опции за третман, Ковид станува болест што ќе го изгуби својот ужас“, рече тој, додавајќи дека ќе има соработка со сите производители на лекови кои развиваат соодветни лекови за заштита од хоспитализација или смрт поради компликации од Ковид.
Според упатствата на производителот, пациентите се обврзани да земаат три таблети два пати на ден во период од пет дена. Сите таблети се во едно пакување, што одговара на еден циклус на третман.
Паксловид, меѓу другото, се состои од активната состојка нирматрелвир, која го инхибира протеинот Сарс-КоВ-2 со цел да го запре размножувањето на вирусот.
Европската агенција за лекови (ЕМА), исто така, зазеде став за новиот лек, велејќи дека Paxlovid може да се користи за лекување на возрасни пациенти на кои не им е потребен дополнителен кислород, но кои се изложени на зголемен ризик за тежок тек на Ковид. Лекот се уште не е официјално одобрен во ЕУ, но тестирањето е во тек.
Според Фајзер, апчињата привремената анализа на резултатите од тестот покажала дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти со Ковид-19 за 89 проценти.
Можните несакани ефекти вклучуваат нарушено чувство за вкус, дијареа, висок крвен притисок и болки во мускулите. ЕМА исто така рече дека лекот не треба да го земаат пациенти со тешка бубрежна или хепатална дисфункција и дека не треба да се зема во комбинација со одредени други лекови поради интеракции со лекови. Лекот не се препорачува за бремени жени.
Лековите како Паксловид експертите ги сметаат за столб во борбата против коронавирусот, иако во споредба со превентивните вакцини, тие се значително поскапи и често покомплицирани за употреба.
