Германија на чекор да ги забрани автомобилите по 22 часот
Германија планира да ги забрани автомобилите по 22 часот.
Бундестагот денеска почна расправа за новиот епидемиолошки закон, што ќе им овозможи на федералните власти да преземат мерки во региони каде што има поголема стапка на инфекција. За време на заклучувањето и во врска со полицискиот час, ќе биде можно да се воведе забрана за управување со автомобили ноќе.
361 од 412 области и градови сега ќе мора да бидат заклучени. Во заклучените региони, полицискиот час би важел од 22 до 5 часот наутро. Граѓаните би можеле да го напуштат домот во тој период само за да одат на работа или на лекар, и помеѓу 22 часот и полноќ на прошетки без придружба. Како што најави пратеникот на ЦДУ, Рудолф Хенке, можни се контроли на возачите по ова време.
