Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија за борба против тероризмот, воведува нов систем во полицијата

Германија за борба против тероризмот, воведува нов систем во полицијата

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер изјави дека ќе биде воведен нов компјутерски систем кој ќе ја подобри комуникацијата помеѓу полицијата и судството. 

Системот наречен „Радар", ќе ја проценува потенцијалната закана од исламистички терористи како умерена, значителна или високо ризична. Во интервју за германскиот неделник Bild am Sonntag, де Мезиер истакна дека новиот систем ќе биде особено важен елемент.

Провинциите ќе бидат запознаени со него до крајот на јуни и тој ќе биде користен од провинциите со повеќе потенцијални закани.

Според зборовите на Мезиер случајот со атентаторот од Берлин, Анис Амри покажал дека федералните власти и локалните власти имаат потреба од повеќе информации при донесувањето на одлука и новиот систем би била од витално значење. 

Системот „Радар" е една од многуте иновации за подобрување на безбедносните мерки во Германија.


Слично

Поврзани вести