Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија може да се ангажира воено во Сирија

Германија може да се ангажира воено во Сирија

Досега Германија се дистанцираше отворено од воената интервенција во граѓанскиот конфликт во Сирија - позиција која по се изгледаше дека политичарите во Берлин ќе продолжат да ја почитуваат и по серијата терористички напади во француската престолнина Париз.

Сега сепак германската влада планира воена интервенција во блискоисточната држава, пишува магазинот „Der Spiegel“.

Според податоците од редовите на владејачката демохристијанска унија Германија ќе испрати во Сирија разузнавачки авиони „Eurofighter Tornado“, преку кои ќе и  помогне на Франција во борбата против радикалната група „Исламска држава“.

„Не само што ќе ја засилиме програмата за обука во северен Ирак, туку ќе ја прошириме својата посветеност во борбата против тероризмот на „ИД“ преку разузнавачките авиони „Tornado“, објаснил портпаролот на фракцијата на ЦДУ во Бундестагот Хенинг ОТЕ.

Според зборовите „ИД“ може да биде победен само со воени средства, па затоа „не сакаме да има никакви забрани во мислите за нашата посветеност во борбата против исламскиот тероризам“. На овој начин Бундесверот најверојатно ефикасно ќе влезе во воена операција, коментира списанието. Засега министерот за одбрана Урсула фон дер Лајен одбива да даде коментар.

Освен тоа Берлин има намера да испрати и авиони за полнење на авионите на коалицијата којa се бори против „ИД“. Се шпекулира и за сателитско разузнавачки средства и поморска мисија. Французите веќе го испратија својот носач на авиони „Charles de Gaulle“ во Средоземното Море.

Слично

Поврзани вести