Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА: Лекар вбризгал смртоносна инјекција на пациенти заразени со коронавирус

ГЕРМАНИЈА: Лекар вбризгал смртоносна инјекција на пациенти заразени со коронавирус

Германски лекар вбризгал смртоносна инјекција на пациенти со тешка форма на коронавирус. 

Полицијата  отворила истрага против лекар од Есен поради убиство на двајца пациенти заразени со коронавирусот.

Лекарот кој од февруари работел во Универзитетската болница во Есен се сомничи дека убил двајца мажи на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега, а биле заразени.

Полицијата вели дека лекарот признал едно од убиствата и рекол дека сакал да го поштеди пациентот и неговите роднини од натамошни страдања.

Болницата во Есен соопшти дека лекарот е суспендиран.

Билд пишува дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да им даде смртоносна инјекција.

Слично

Поврзани вести