Германија ќе ja легализира медицинската марихуана
Канабис ќе се продава само во аптеки и ќе се зема со рецепт.
Германија ќе ја легализира марихуаната за медицински цели во почетокот на следната година. Причината е позитивниот ефект на канабисот во лекувањето на голем број сериозни болести. Додека не бидат создадени специјални владини плантажи за одгледување на канабис, Германија ќе ја увезува „медицинската марихуана". Во 2014 година. федерален суд од Келн овозможи на тешкоболни пациенти да одгледуваат канабис за медицински цели. Вакви лекови од март годинава се продаваат во Хрватска, а кон крајот на минатата година употребата на канабис во здравството беше дозволена и во Колумбија. Во некои европски земји како Чешка и Португалија, марихуаната е целосно декриминализирана во одредени дозволени количини, а во Холандија супстанцата е целосно легална уште од минатиот век.
