Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ќе ги враќа бегалците во нивната прва земја од ЕУ

Германија ќе ги враќа бегалците во нивната прва земја од ЕУ

Германија ќе ги враќа сириските бегалци назад во првата земја-членка на Европската унија, во која се пристигнати, а потоа се упатиле кон внатрешноста на континентот.

Ова предупредување го упати портпаролот на германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Портпаролот истакнал дека Берлин повторно го воведува Даблинскиот протокол. Според него бегалците се обврзани да бидат регистрирани во првата земја-членка на ЕУ, во која пристигаат и можат да бидат вратени назад од другите земји.

Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел ја повика ЕУ да ја гарантира безбедноста на надворешните граници, за да престане миграцискиот бран, кој ја преплави Европа. Тоа, според неа, ќе се спречи ако земјите како Словенија не креваат ѕидови на своите граници.

„Ситуацијата во Словенија, каде што владата крева ограда долж границата со Хрватска, за да го контролира миграцискиот прилив, е неизмерно. Неопходно е соработка за наоѓање на европска заедничка одлука. Тоа значи гарантирање на безбедноста на надворешните граници“, изјавила Меркел.

Според економскиот институт во Минхен, Германија оваа година ќе потроши над 21 милијарди евра за сместување, храна и едукација за мигрантите.

Во меѓувреме, словенечкиот премиер Миро Церар соопшти дека само по 16 октомври во земјата пристигнале над 171 000 мигранти. Тој предупреди за нов голем миграциски бран од Грција од над 30 000 луѓе.

Слично

Поврзани вести