Германија ќе ги селектира талентираните бегалци за полесно вработување
Ќе се прават тестови за интелигенција за бегалците, за да се откријат нивните афинитети.
Министерот за внатрешни работи на југозападната германска покраина Саар, Клаус Булон планира да примени тестови на интелигенција за да се пронајдат талентираните бегалци и да се забрза нивното интегрирање во општеството.
„Сакаме да започнеме пилот проект во кој со тестови за интелигенција ќе откриеме за што се талентирани и во кои професии можеме да ги упатиме бегалците, како и каква обука им е потребна. Планираме да соработуваме со сојузната агенција за вработување и другите меродавни стручњаци“- изјави министерот.
Тој очекува дека во првата програма доброволно да се приклучат помеѓу 600 и 700 бегалци.
Слично
