Германија ќе поддржи економски пакет за спас на Кипар, тврди Шојбле
Германскиот парламент ќе го одобри меѓународниот економски пакет за спас на Кипар со големо мнозинство, објави грчкиот весник Етнос. Тоа го изјавил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за локален весник.
– Очекувам големо мнозинство од Бундестагот како и широка поддршка од опозицијата, изјавил Шојбле.
Гласањето во Бундестагот за кипарскиот пакет е планирано в четврток.
Претставници на опозициските социјалдемократи исти изјавија дека пакетот за Кипар ќе биде поддржан.
Слично
