Германија ќе го распродава државниот имот!
Владата на Германија сака повлекување на уделот на својот капитал од големите германски претпријатија, a Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува од Берлин примена на помалку строга буџетска политика поради последиците кои таа би можела да ги остави на еврозоната.
Како што стои во извештајот на германското Министерство за економија кој е објавен во весникот „Велт“, Германија размислува за повлекување на капиталот од претпријатијата и не планира да се откаже од програмата за штедење.
Во документот се предлага формирање комисија која ќе ги дефинира предлозите за иницијативата која на Германија би и отворила простор на урамнотежување на буџетот пред 2016, како што е предвидено со Уставот.
Парите кои Германија ќе ги собере на тој начин би биле огромни бидејќи државата е стопроцентен сопственик на државната железница и на аеродромите во Берлин, Минхен и Келн.
Слично
