Германија ќе ги зголеми платите на јавните службеници за 5,6%
Гeрманија во наредните две години ќе ги зголеми за 5,6% платите на околу 800.000 вработени во јавниот сектор.
Како што пренесуваат германските медиуми, ќе се зголемат платите на на полицајците, пожарникарите и вработените во министерствата во сите освен една од 16-те германски покраини.
Според договорот платите на јавните службеници ќе се зголемат за 2,6% ретроспективно од 1 јануари, проследено со 2,95% од јануари следната година, што е повеќе од просечната годишна стапка на инфлација во Германија од 1,5%.
Ова зголемување е под просекот што го бараат синдикатите односно зголемување на платите за 6,3 отсто во текот на една година.
Слично
