ГЕРМАНИЈА ЈА ПРОГЛАСИ БРИТАНИЈА ЗА РИЗИЧНА ЗОНА НА МУТАЦИИ - за патниците оттаму две недели карантин дури и со негативен текст
Поради ширењето на индиската варијанта на коронавирусот во Велика Британија, Германија од утре, недела, ќе ја смета таа земја за високо ризична „зона на варијациони мутации“ на тој вирус, објави германскиот институт Роберт Кох.
Од недела, авиокомпаниите, автобусите и возовите ќе имаат дозвола да превезуваат само германски граѓани или луѓе што живеат во Германија од Велика Британија во Германија.
Велика Британија по подолго време беше прва во Европа што стана област каде кружат нови варијанти на вирусот.
Според германската класификација, досега само единаесет земји во Азија, Африка и Латинска Америка биле во категоријата со висок ризик, како „зони на варијациона мутација“.
Индиската варијанта на вирусот Б.1.617.2 се смета за особено заразна и во последните месеци многу придонесе за експлозивно зголемување на бројот на заразени во Индија.
Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, досега во неговата земја, особено во северозападен дел на Англија и во Лондон, идентификувани се 2.967 случаи поврзани со таа позаразна варијанта Б1.617,2, а бројот на овие случаи порасна за 30 отсто само од понеделникот.
Британската влада е обвинета за одложување на заострување на ограничувањата за пристигнување патници од Индија во април.
Во петокот, германскиот министер за здравство Јенс Шпан изрази загриженост за состојбата во Велика Британија и рече дека е потребно „да се спречи ширењето на таа варијанта“ во Германија.
Германија има многу претпазлива политика во борбата против вирусот, и иако викендов укинува некои ограничувања, особено во угостителството, гостите да доаѓаат во ресторани или пабови, мора или да направат тест дека се негативни на вирус, или да потврдат дека биле вакцинирани или дека биле целосно излекувани доколку биле заразени со коронавирус.
Наспроти патниците од Велика Британија, патниците од Франција, Хрватска и Словенија, поради ненадејното дневно намалување на бројот на заразени во тие три земји, повеќе нема да бидат принудени да остануваат во карантин во Германија од пет на 10 дена по пристигнувањето.
Во тие земји, стапката на инциденца сега е под 100 случаи на инфекција на 100.000 жители во текот на седум дена.
Како и да е, патниците од трите земји мора да имаат или негативен неодамнешен резултат од ПЦР тест, или да бидат целосно вакцинирани против коронавирус, или да се сметаат за излекувани доколку го прележале.
Извор: Бета
