Германија ја менува својата позиција за миграционата криза?
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, чија неподготвеност да дозволи на мигрантите влез во земјата предизвика несогласувања меѓу него и германската канцеларка Ангела Меркел, денеска изјави дека разликите со неа останале во минатото.
„Разликите во мислењето се во минатото. Германците го променија својот став за миграциона криза“, изјави Орбан во интервју за Унгарската државна медиумска компанија.
Германија го затегнува миграциското законодавство откако повикот на Меркел во август 2015 година за прием на сириски бегалци доведе до огромен прилив на мигранти.
Според Орбан сега Германија ја признава „важноста на заштитата на надворешните граници на Европската унија“.
„Без да признава Европа кон бегалците постапува со зборови и на дело на точно ист начин како нас“, рече тој.
Минатата година Унгарија стана првата земја во Западната маршрута која ги затвори границите за протокот на луѓе, кои се упатиле кон побогати држави на север.
Една по една другите транзитни земји го направија истото, а оттогаш миграцискиот проблем на Европа е заглавен во преполните кампови во Грција.
