Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија и Естонија, единствените земји од еврозоната кои го намалиле јавниот долг

Германија и Естонија, единствените земји од еврозоната кои го намалиле јавниот долг
Германија и Естонија се единствените земји од еврозоната кои го намалиле јавниот долг во првото тромесечие од оваа година, покажува денешниот извештај на европската служба за статистика, Евростат. Cпоред податоците, Германија го намалила јавниот долг во првите три месеци, заклучно со март, на 81,2 отсто од БДП од 81,9 отсто, од последниот квартал на минатата година. Естонија пак, која во 2011 година го усвои еврото, го намалила својот долг на 10 отсто од БДП од 10,1 отсто со што стана земја со најниско ниво на јавен долг во Европа. Пет членки на еврозоната имаат јавен долг поголем од 100 отсто од БДП, меѓу кои води Грција со 160,5 отсто и Италија со 130,3 отсто. Причината за ваквата состојба во еврозоната, како што се наведува во извештајот, е фактот што еврозоната долго време е во рецесија, има пет земји-членки кои земаат меѓународна помош, стапката на невработеност е на рекордно ниво и можностите за заздравување до крајот на годинава се многу слаби.     Инаку
Слично

Поврзани вести