ГЕРМАНИЈА: Годинава ќе ја завршат со 400 разнесени банкомати со експлозив
Рекорден број на разнесени банкомати има во Германија. Тие се разнесени со експлозив, објави денеска агенцијата ДПА. До крајот на годината се очекува ваквите случаи да бидат над 400.
Претходниот рекорд беше поставен во 2018 година, кога беа разнесени околу 370 банкомати, а лани нивниот број беше 349. Годинава во 160 од случаите крадците успеале да ја постигнат својата цел и да ги украдат парите во банкоматите. Во останатите случаи,не било така. Повеќето банкомати се разнесени во државата Северна Рајна-Вестфалија, каде годинава се ограбени 174 банкомати.
Најактивни во оваа активност се криминалните групи од Холандија. Повеќето се од Утрехт и Амстердам. Некои од криминалците дошле од Романија и Молдавија.
Слично
