Германија го зголеми извозот, но има помал трговскиот суфицит
Во јануари годинава, Германија го намали трговскиот суфицит, од 16,9 на 15,7 проценти. Најголемата европска економија, во првиот месец годинава реализирала извоз вреден 91,9 милијарди евра што е за 1,4 отсто повеќе од декември 2012.
Зголемување бележи и увозот за 3,3 отсто или вкупно 76,2 милијарди евра.
Според статистиката, трговскиот суфицит без вкалкулираните сезонски фактори е зголемен на 13,7 милијарди евра во однос на 13,2 милијарди во јануари 2012. Извозот пораснал за 3,1 процент, а увозот за 2,9 отсто.
Слично
