Германија го поздрави зближувањето меѓу Турција и Русија
Владата на Германија може само да го поздрави приближувањео меѓу Анкара и Москва по влошувањето на односите меѓу двете држави поради инцидентот со соборениот руски борбен авион.
Тоа го изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи во Берлин Завсан Шебли во пресрет на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.
„Можеме само да ја поздравиме таа кохезија, рече таа.
„Како што Турција, така и Русија се важни играчи во однос на побарувачката на регулирање на конфликтот во Сирија“, додаде портпаролката.
Таа, исто така, истакна дека Берлин не очекува можни последици за партнерствата во НАТО по тоа затоплување. „Турција е и ќе остане важен партнер во НАТО“, додаде Шебли.
Утрешната средба меѓу Путин и Ердоган ќе е прва по инцидентот со авионот, кој доведе до значително влошување на односите меѓу двете земји.
Во ноември турските военовоздухопловни сили соборија руски авион, кој според Анкара го нарушил воздушниот простор на Турција на границата со Сирија.
Според Москва нејзиниот авион бил соборен незаконски над сириска територија. Во своето обраќање портпаролката повторно предупреди дека враќањето на смртната казна во Турција ќе значи моментално прекинување на преговорите за членство во ЕУ.
„Воведувањето на смртната казна во Турција ќе биде во согласност со вредностите на ЕУ. Ова ќе значи прекин на преговорите за членство во ЕУ “, додаде Шебли.
„Сосема јасно е дека земји во кои постои смртната казна немаат место во Европската унија“, рече таа. Шебли посочи дека министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер наредил во Турција да биде испратен секретарот на надворешното министерство Маркус Едерер кој ќе направи проценка на ситуацијата. „Турција останува важен партнер и сосед. Нас не поврзуваат многу работи“, рече таа и додаде дека е важно Берлин да покаже солидарност со властите по превратот, но исто така властите во Анкара да се придржуваат кон принципите на правната држава.
