Германија го ослободи затворениот новинар на „Ал Џезира“
Репортерот на „Ал Џезира“ Ахмед Мансур беше ослободен од берлинскиот затвор, каде поминал два дена откако Египет испратила меѓународно барање за негово апсење.
Во соопштението на германското обвинителство се вели дека Египет не успеал да ги отфрли стравувањата за последиците од екстрадицијата на Мансур. Претходно вчера портпаролот на МНР најавил дека Германија нема да екстрадира никого во земја каде што тој или таа можат да бидат осудени на смрт.
„Им благодарам на својата одбрана. Благодарам на слободниот печат, благодарам на сите вас“, извикал репортерот на „Ал Џезира“ пред своите приврзаници по излегувањето од централниот берлински затвор.
Мансур, кој има двојно египетско и британско државјанство, бил уапсен во саботата на аеродромот „Тегел“ во Берлин по обвиненијата за тортура на адвокат во Каиро во 2011. Во отсуство минатата година тој бил осуден на 15 години затвор.
Случајот со Мансур ја става Германија во непријатна ситуација поради бизнис односите на земјата со Египет. Овој месец германската канцеларка Ангела Меркел усвоила посета на Сиси, за време на која беше потпишан енергетски договор за 8 милијарди евра помеѓу „Сименс“ и Египет.
