Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги забрзува мерките за справување со бегалскиот прилив

Германија ги забрзува мерките за справување со бегалскиот прилив

Германија воведува мерки за справување со бегалската криза порано од очекуваното, објави висок германски владин функционер, овозможувајќи забрзаните процедури за депортација да почнат да се применуваат веќе во следната недела.

Германија очекува рекорден прилив од над повеќе од 800 илјади мигранти оваа година. Со новите мерки Берлин сака да се справи подобро со невидениот број мигранти кои пристигнуваат и да престане приливот.

Затегнувањето на правилата е со цел да ги забрза процедурите за азил и за екстрадиција на надојдената маса од Југоисточна Европа, за да можат властите да се фокусираат на бегалците од земји на војните како Сирија, Ирак и Авганистан.

Шефот на канцеларијата на германската канцеларка Петер Алтмаиер истакнал дека новите мерки може да се очекува да стапат во сила пред првично утврдениот датум, имено - 1 ноември. „Тоа би било добар сигнал“, изјави тој за телевизијата „ARD“.

„Сакаме да станеме подобри и побрзи уште оваа година во депортацијата на одбиените кандидати, кои не можат да претендираат да останат тука“, додал Алтмаиер кого канцеларката Меркел го назначи претходно овој месец да надгледува како владата се справува со бегалската криза.

Поддршката за конзервативците на Меркел се стопи поради загриженоста околу бегалската криза. Многу Германци сметаат дека земјата не може да се справи со рекордниот прилив. Социолошко истражување нарачано од „ARD“, покажува дека три четвртини од Германците очекуваат приливот на бегалци да го промени германското општество.

Коментирајќи ги подигнатите гранични огради од Унгарија, Алтмаиер истакнал дека колку повеќе огради се издигнуваат, толку поголема станува „бедата и мизеријата“. Според него, Европа треба да се грижи за тоа, движењето и приливот на мигрантите да биде уредено и структурирано.

Слично

Поврзани вести