ГЕРМАНИЈА ГИ УСОВРШУВА ЛЕКОВИТЕ: БиоНТек ќе користи МРНА технологија и против други болести
Фармацевтската
компанија БиоНТек објави дека сака да ја користи технологијата mRNA, која беше
применета на нејзината вакцина за корона вирусот, и во борба против маларијата.
Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против корона вирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, има намера да започне клинички испитувања за безбедна и високо ефикасна вакцина против маларија до крајот на следната година, објави АП.
БиоНТек наведува дека исто така сака да отвори фабрика за производство на mRNA вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против ковид-19.
Компанијата претходно изјави дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за која клиничките испитувања треба да започнат во 2022 година, како и на терапии за неколку видови на рак.
