Германија ги следи активностите во 90 џамии
Во Германија не се следат сите муслимани, туку мал дел од нив.
Во земјата 90 џамии се набљудувани моментално поради исламистички активности. Се работи за џамии каде се собираат луѓето со арапско потекло. Се смета дека во овие џамии делуваат самопрогласени имами кои повикуваат на џихад. Се следат и мал дел од муслиманите во Германија за кои се смета дека се агресивни. Во земјата се одржува конференција на која ќе се зборува за опасноста од џихадистите во Германија.
Поради миграција на работна сила во 1960-тите и неколку бранови на политичките бегалци од 1970 година, исламот станала видлива религија во Германија.
Слично
