Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги повика и Иран и Турција да го решат проблемот со Катар

Германија ги повика и Иран и Турција да го решат проблемот со Катар

Германија е првата европска сила која прикажува голем интерес за разрешување на кризата во Катар откако земјата доби целосна блокада од своите соседи поради наводна поврзаност со Иран, поддршка на тероризам и радикална идеологија.

Затоа германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е загрижена поради ситуацијата околу Катар, додавајќи дека сите земји од Заливот, а исто така и Иран и Турција, треба да работат заедно со цел да се најде решение за регионалниот спор.

Меркел на заедничка прес-конференција во Мексико Сити со претседателот Енрике Пења Кието нагласи дека решавањето на ситуацијата ќе биде невозможна доколку не се вклучат сите регионални сили, потенцирајќи ги Иран, Турција и Катар.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара да се распоредат турски војници во Катар, додека пак засега од Иран, како и од Русија стигнува „тивка“ помош“ во спорот со Саудиска Арабија и нивните арапски сојузници.


Слично

Поврзани вести