Германија ги ослободува целосно вакцинираните и оние кои прележале ковид од строги мерки
Германија од
денеска ги олабавува мерките за сите кои се целосно вакцинирани, како и за луѓето
кои веќе ја прележале болеста. Според одредбата која денеска стапува во сила, остануваат
само мерките како што се носење маска и одржување дистанца, но за овие
категории грашани нема да важат ограничувањата на приватни контакти, како и
полицискиот час, но само во области каке еднонеделна инциденца на вирусот е
100.
Исто така, целосно вакцинираните граѓани, како и оние кои во последните шест месци биле заразени со вирусот, ќе бидат изземени и од мерката карантин по враќање од странство. Но, и тука има исклучок, во карантин сепак ќе мора да останат оние кои се враќаат од земји каде има други варијанти на вирусот.
Луѓето се ослободуваат и од брзите тестови кои се потребни при влез во културни или услужни објекти, како продавници, фризерски салони, музеи, итн.
