Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги ограничи контактите и движењето на невакцинираните

Германија ги ограничи контактите и движењето на невакцинираните

Германија воведува божиќна блокада за невакцинираните граѓани. 

Претставници на сојузната и властите на германските сојузни покраини на состанок во Берлин одлучија да ги заострат мерките за невакцинираните, кои вклучуваат драстични ограничувања на контактите и пристапот до малопродажба како и на културните и спортски настани. 

Kанцеларка Ангела Меркел вели дека ситуацијата е многу сериозна и дека мора да се запре четвртиот бран. 

Сојузните и државните лидери се согласија за следните мерки:

- Ограничување на контактите за невакцинираните лица;

- Влез во продавници, ресторани, музеи и кина ќе биде возможен само за вакцинирани или оздравени лица;

- Можни се дополнителни тестови за невакцинираните во исклучителни ситуации;

Денеска е одлучено пристапот до малопродажба, со исклучок на продавниците за секојдневни потреби, да се овозможи само за вакцинираните или оние кои го прележале коронавирусот, а истото важи и за културните и спортски настани. Строгите мерки за ограничување на контактите за невакцинираните лица важат и во приватниот сектор. Доколку меѓу оние што се среќаваат има невакцинирани лица, тогаш е дозволена средба на едно домаќинство со најмногу два члена од друго домаќинство.

Доколку локалната инциденца е повеќе од 350, ова правило важи и за оние кои биле вакцинирани или прележале коронавирус.

Бројот на посетители на масовните настани треба да биде ограничен на 30 проценти од просторниот капацитет, но не треба да надминува 15.000 на отворено. Во затворен простор, бројот на посетители е ограничен на 5.000. Во сојузните покраини со висока инциденца, се препорачува целосна забрана за културни и спортски собири. При инциденца повисока од 350 се затвораат и ноќните клубови и дискотеки. За дочекот на Новата година за цела држава важи забраната за собири. Над 102.000 луѓе во Германија починаа од вирусот.

foto EPA

Слично

Поврзани вести